Богослужба и литургија за празникот Св.Наум Охридски

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2 јули 2018 година (понеделник), во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св.Наум Охридски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

3 јули 2018 година (вторник), со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.