28/04/2024
Охрид

Божиќна честитка на градоначалникот Кирил Пецаков

По повод големиот христијански празник раѓањето Христово- Божиќ, градоначалникот  Кирил Пецаков до граѓаните од православна вероисповед упати честитка со желби празнувањето да го поминат во весела и радосна атмосфера, славејќи ја љубовта, вербата и надежта.

BAdnik_060124014– Драги мои сограѓани ви го честитам најголемиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ  нека биде среќен и благословен  полн со радост и мир. Исусовата љубов  нека ве загрее, а неговата милост нека ви  даде снага да го надминете секое искушение и предизвик.

Божиќ е празник кој ја симболизира љубовта, добрината, мирот и помирувањето  го поттикнува духот на разбирањето, взаемното почитување и  религиозните посебности. Ова е ден кога се истакнуваат семејните вредности, заедништвото и сплотеноста.  Токму затоа посакувам овој  празник  да го минете со најблиските.  Дарувајте љубов за да бидете љубени и имајте позитивна мисла за личен и напредок на луѓето околу вас.

Вербата, надежта и љубовта нека бидат нашите ѕвезди водилки во овој божиќен ден.

Честит Божиќ.