29/04/2024
Охрид

Отслужена света архиерејска Литургија за Божик во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид

На денот кога нашиот Спасител Христос се раѓа по тело од Пресветата Дева, на денот кога Словото стана тело и Беспочетниот влегува во времето, на пресветлиот празник на Рождеството Христово – Божик, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Игор Никовски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски.

На Божикната Литургија присуствуваше и Претседателот на владата на РСМ, Димитар Ковачевски.

По завршувањето на Литургијата, беше прочитано и Божикното послание, испратено до сите верни чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.


WebOhrid / 07.01.2024 / Дебарско-кичевска епархија