29/03/2024
Македонија

Централен совет на Демократски сојуз: Огромно незадоволство кај граѓаните од нефункционирањето на државните институции

Централниот совет на Демократскиот сојуз расправаше за актуелните политички состојби во земјата при што оцени дека евроинтеграциските процеси се врвен приоритет, но власта нема никакви реформи поврзани со судскиот систем, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата. Кај граѓаните постои огромно незадоволство од нефункционирањето на државните институции, сиромаштијата и заминувањето на младите од државата. 

Инаку, од јули 2022 година, Владата ги најавува уставните измени, а досега не видовме ништо од нив, никаков текст, никаква расправа за суштината и контекстот на спорот со Бугарија туку само политички манипулации и поделби. Демократскиот сојуз го афирмира ставот дека можно е Бугарите да бидат внесени во Уставот, но на реципрочна основа, односно да биде признаено правото на организирање на Македонците во Бугарија.

За нови членови на Претседателството избрани се Елисавета Јаневска, која е избрана и за претседател на Демократскиот сојуз на жените, Богоја Петровски, кој е избран и за претседател на младите на Демократскиот сојуз, како и Емилија Тошевска.


WebOhrid / 25.03.2023 / Демократски сојуз