28/03/2024
Охрид

Честитка од Црвен крст Охрид по повод Светскиот ден на крводарителството

По повод 14 јуни, Светскиот ден на крводерителството Црвен крст Охрид упатува честитка и благодарност до сите крводарители, мотиватори, поединци, фирми, институции кои со своите хумани дела придонесуваат за развој и унапредување на крводарителството и спасување на човечки животи.

Дарувањето крв во Р.Македонија е доброволно и бесплатно и претставува израз на високи етички, хумани, морални и патриотски вредности, но истовремено и граѓанска должност и обврска на секој човек. Човечката крв е лек кој единствено може да се обезбеди со дарување. Да се дарува крв и да се спаси животот на болниот, повредениот, кого не го познаваме и кого веројатно никогаш нема да го запознаеме е најубаво и најблагородно дело и чувство кое може да го исполни човекот.

„Ги охрабруваме и апелираме до сите оние кои се чувствуваат здрави: Дарувајте крв, од тоа нема похумано. Бидете член на охридското „крводарителско семејство“, на „семејството“ на Црвениот крст кое е големо и сложно, зошто нас не поврзува хуманоста.“ – велат од Црвен крст Охрид.