29/04/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Пецаков по повод 8. Април – Меѓународниот ден на Ромите

„Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам искрени честитки по повод 8-ми Април – Меѓународниот ден на Ромите, со желби за многу успех, просперитет и личен развој.

Во оваа прилика ја искажуваме нашата голема почит за придонесот на Ромската заедница во градењето на нашето општество. Уникатните ромски традиции, јазик и уметност претставуваат многу важен дел од нашиот културен мозаик.

Нека Меѓународниот ден на Ромите биде можност да го почитуваме и прославиме богатството на различноста и да се обединиме во борбата против сите форми на дискриминација. Во духот на заедништвото и единството да продолжиме да работиме за подобра иднина на Охрид и Република Македонија!“ – стои во честитката од градоначалникот Пецаков.