05/03/2024
Македонија

Честитка од Кирацовски за Божик до граѓаните кои го празнуваат: Празничните денови нека донесат благослов во вашите срца

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски во свое, и во име на СДСМ, по повод големиот празник Рожденство Христово Божиќ, упати честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.

„До Вас лично и до сите верници од католичка вероисповед, во мое и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упатувам искрени и срдечни честитки за големиот христијански празник Рожденство Христово Божиќ.

Ви посакувам добро здравје, среќни моменти и благосостојба. Нека овие празнични денови донесат благослов и спокој во вашите срца и во вашите домови.

Во годината што доаѓа уште попосветено да ги негуваме универзалните човекови вредности како почитта, толеранцијата и меѓусебното разбирање, затоа што тие се предуслов за спокоен живот на сите граѓани во Република Македонија.

Нека ви е честит големиот празник Рожденство Христово Божиќ“- стои во честитката.