28/03/2024
Македонија

Честитка од министерот Спасовски по повод новогодишните празници

По повод новогодишните празници министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка до граѓаните и вработените во Министерството за внатрешни работи:

„На сите граѓани на Република Македонија, како и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи, им посакувам во Новата 2018 година да ги следи добро здравје, среќа и пред се нови работни успеси. Посакувам Македонија да ја следи напредок, благосостојба и стабилност. Сакам да ви порачам дека со труд, добра волја, меѓусебно разбирање и почитување, не постои нешто што не може да биде остварено и реализирано во нашите заеднички напори да изградиме од Македонија просперитетен и пристоен дом за сите“, стои во честитката на министерот Спасовски.