25/04/2024
Охрид

Честитка од ОО СДСМ Охрид по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот

„Честит 9 Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Пред 75 години со капитулација на нацистичка Германија и налетот на силите на антифашистичката коалиција заврши Втората светска војна.

За време на Втората светска војна, и граѓаните на Македонија преку НОБ и партизанското движење, ја одбраа и беа на вистинската страна, одлучни да се соочат со фашистичкото зло и да се борат да ја ослободат Татковината за да и обезбедат просперитетна иднина.

Со многу крв и дадени животи е натопена нашата денешна Слобода. Затоа и на овој ден треба да им се оддаде должна почит на сите кои биле жртви и се бореле против непријателот за ние денес да ги собираме плодовите на слободата.

Од слободарски Охрид потсетуваме: Нашата определба е да бидеме дел од Европа во која се почитуваат слободите на сите народи, да градиме отворено, праведно, солидарно и демократско општество во кое секој ќе се чувствува еднакво вреден, а младите ќе добијат шанса да успеат дома.

Нашата земја и по својата независност цели три децении цврсто чекори на патот кон интеграција к и се бори да ги спроведе европските вредности на свое тло.

Во годината во која кончено станавме членка на НАТО и сме пред почеток на преговорите на земјава за влез во Европската Унија и борбата со невидливиот непријател Ковид -19 ни докажа колку е важно да се биде дел од Европа и НАТО. Помошта која ни пристигнува и консултациите со нашите пријатели се знак дека ќе успееме заеднички да ја победиме пандемијата.

Почитувани, членови и симпатизери на СДСМ, почитувани граѓани уште еднаш Честит 9 Мај и да сториме се фашистичкото зло никогаш повеќе да не стапне на наше тло.“ – стои во честитката од СДСМ Охрид.