26/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на припадниците на ромската заедница им го честита 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

„Ромската заедница преку својот јазик ги развива својата култура и својата традиција во Охрид и во Македонија.

Почитувањето на културните вредности и меѓусебното разбирање се наша заедничка одлика. Затоа и унапредувањето на положбата на Ромите во секоја сфера во општеството е наша заедничка цел.

Посакуваме многу радост, здравје и љубов.

Нека ви е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 08.04.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид