Годинава нема да се организираат Богојавленски чествувања

Поради пандемијата од КОВИД 19, годинава нема да биде организирано традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро од градското пристаниште во Охрид.

Со одлука на Дебарско-кичевската епархија, на 19-ти јануари, празникот Богојавление – Водици ќе биде одбележан само во црковните  храмови. Ќе бидат организирани утрински богослужби и осветување на вода, со која потоа ќе биде извршен Богојавленскиот водосвет на езерото.

Општина Охрид упатува апел до граѓаните да се воздржат од масовни собири и организирано капење во езерото. При посетата на храмовите задолжително да се почитуваат препораките за заштита, да се носат  маски и да се одржува дистанца.

Да бидеме одговорни и да го прославиме овој празник во кругот на најблиските!