Отворен ден во Центарот за јавно здравје Охрид по повод Светскиот ден без тутун
Под мотото ПОТРЕБНА НИ Е ХРАНА, НЕ ТУТУН, денес се одбележува Светскиот ден без тутун со цел да се истакне долгорочната важност на одгледувањето на одржливи и хранливи земјоделски култури, наместо тутун, што во актуелниот и многу сложениот момент за нашата планета и општество, особено е значајно.
Пушењето како причина за смрт се поврзува со околу 7.2 милиони смртни исходи во светот, годишно. Тутунот убива приближно половина од своите корисници, одземајќи така повеќе животи отколку сидата, маларијата и туберкулозата заедно.
По повод Светскиот ден без тутун ги покануваме нашите сограѓани на отворен ден во Советувалиштето за одвикнување од пушењето при Центар за јавно здравје Охрид, денес од 12:00 до 14:00 часот, каде ќе можат да ги дополнат своите знаења за штетноста на тутунскиот чад и на изложениот штанд да добијат промотивно-едукативен материјал.
Потребна ни е храна, не тутун, ќе биде тема на едукативните работилници што стручните лица на Центар за јавно здравје Охрид ќе ги реализираат во средните училишта во Охрид.
WebOhrid / 31.05.2023 / Центар за јавно здравје Охрид