26/04/2024
Охрид

Света литургија по повод празникот Света великомаченичка Недела во Долно Коњско

По повод празникот посветен на Светата великомаченичка Недела во црквата Света Недела во охридското село Долно Коњско, утре, понеделник (20.07.2020 година) ќе се служи света литургија. Со литургијата ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски.

Литургијата ќе биде со почеток во 07:30 часот.

Повеќе за Црквата Св.Недела во Коњско

Храмот започна да се гради во 2007 година по иницијатива на Црковниот одбор, според проект на директорката Завод и Музеј Охрид, Тања Бунташеска Паскали, а се изгради со донациите на локалните жители, како и жителите од пошироката околија.

Инаку, црквата „Света Недела“, беше осветена на 13-ти јули 2014 година, на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли – Павловден.

WebOhrid