26/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод државниот празник 11 Октомври

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита државниот празник, 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ.

„11 Октомври претставува продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ. Оруженото востание против фашистичкиот окупатор е историски момент од Народноослободителната борба за остварување на вековниот сон на нашите предци за сопствена државност.

Охрид и Македонија во овие тешки времиња се соочуваат со големи предизвици. Иднината на граѓаните е загрозена поради лошото здравство, хаосот во образованието, сиромаштијата, криминалот и корупцијата како и нефункционалноста на власта во секоја сфера од македонското општество. Таквата тажна состојба не смее повеќе да биде реалност и мора заедно да ја промениме. Пред нас стои предизвик да си ги одбраниме достоинството, слободата и државата. Непокорот и истрајноста се завет и најдобрите средства против премрежијата пред кои сме исправени.

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври!

Да живее Република Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.