28/04/2024
Охрид

Нов сообраќаен режим на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид

Од денес (19.09.2023) на сила стапува нов режим на сообраќај на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид.

Според новиот сообраќаен режим, кој е усогласен со надлежните служби во Локалната самоуправа, такси постојката на булеварот „Македонски просветители“, во близина на поштата, се дислоцира на улицата „Партизанска“, a старата такси-локација е пренаменета во паркинг простор.

Воедно, делот од коловозот пред досегашната такси постојка на булеварот „Македонски просветители“, од пресекот со улицата „Партизанска“ до пресекот со улицата „Димитар Влахов“, ќе биде отворен за сообраќај во правец од рампата кај поштата кон булеварот „Туристичка“ со што сообраќајот по целата должина на булеварот „Македонски просветители“ ќе се одвива двонасочно.


СВР апелира до возачите да се придржуваат до измените и да ги почитуваат насоките на полициските службеници, кои на посочените локации денес практично ќе ги информираат граѓаните за новите сообраќајни измени.


WebOhrid / 19.09.2023