25/04/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот 8 Март

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до припадничките на понежниот пол по повод 8 МартМеѓународниот ден на жената.

„8 Март – симбол на рамноправноста, слободата и храброста на жената.

Македонската жена е зрак светлина, таа поттикнува и продира низ мрачните времиња на македонскиот народ кон посветла и подобра иднина.

Затоа жените со глас се силни жени, а само со успешни жени имаме силен Охрид и силна Македонија.

Среќен Осми март!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 08.03.2023 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид