20/04/2024
ОхридСтруга

Превентивна активност на СВР Охрид и РСБСП за побезбеден сообраќај

Денеска (08.03.2023) од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Охрид и Струга преку превентивно едукативни активности беше одбележан денот на жената – 8-ми Март.

Притоа, на учесничките во сообраќајот им беа поделени цвеќиња и печатени материјали со информативни содржини почнувајќи од правилото за користење на сигурносен појас, потоа почитување на пропишаната брзина, не користење на мобилен телефон додека се управува моторно возило, како и “не“ за управување на моторно возило под дејство на алкохол.


WebOhrid / 08.03.2023 / МВР