Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Рамазан бајрам

„Упатуваме искрени честитки до сите припадници од исламска вероисповед за верскиот празник Рамазан бајрам.

Рамазан бајрам е вдахновение на љубовта, верноста и мирот, триумф на доброто над злото, на духовното над материјалното.

Почитувањето на верската различност и негувањето на толеранцијата секогаш се одлика за нашиот Охрид, но и за Македонија за нивна светла иднина.

Нека празникот ви донесе мир и радост во вашите срца, бериќет, здравје и успеси во вашите домови.

Нека е благословен Рамазан бајрам!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 21.04.2023 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид