25/04/2024
Дебрца

СВР Охрид со превентивна активност во неколку села во Дебрца

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во координација со јавното претпријатие Национални шуми денеска (21.04.2023) остварија средби со месното население во с.Ботун, с.Мешеишта, с.Волино, с.Требеништа и с.Песочан, на кои се разговараше како жителите да се заштитат од пожарите.

На жителите им беше укажано да не се палат стрништата, да не се фрлаат отпушоци, особено кога се движат во шума, а беа споделени и низа други совети кои можат да помогнат да се превенира ваквата појава. Доколку пак се забележи пожар, веднаш да се известат надлежните со цел што поскоро да се изгасне пожарот.


WebOhrid / 21.04.2023 / МВР