27/04/2024
Охрид

Цвеќе за припадничките на понежниот пол – учеснички во сообраќајот

По повод Меѓународниот празник на жената 8. март, денеска припадници на Интернационалната полициска асоцијација ИПА Охрид, од отсекот за превенција и полициската станица за безбедност во сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Охрид, во соработка со РСБСП, на припадничките на понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија цвеќе, торбица со логото „Вози одговорно“ и едукативни флаери со совети за безбедно управување моторни возила.

„Со ова, на сите припаднички на понежниот пол, им го честитаме 8 март, искажуваме почит кон жените учеснички во сообраќајот и е во знак на наше приклучување во одбележувањето на овој меѓународен празник. Ги потсетуваме жените возачи да внимаваат при управувањето со моторните возила и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.“ – информираат од ИПА Охрид.


WebOhrid / 08.03.2024 / ИПА Охрид