26/04/2024
Охрид

Да рециклираме и да се наградуваме

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Охрид, каде беа извлечени 5 наградни купони за учесниците, кои во текот на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” оставаа електричен и електронски отпад во Еко магацините на оваа компанија.

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје во соработка со Општината Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ во периодот од 04.09 до 31.10.2017 година, го реализираше третиот циклус од наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме”. Извлекувањето на наградите за учесниците од Општина Охрид се одржа на 31.10.2017 год. кога станаа познати среќните добитници на наградите. Извелкувањето на наградените купони, беше организирано во просториите на ЈП „Охридски Комуналец“, а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од Општина Охрид и еден член од ЕЛКОЛЕКТ:
Добитни купони се:

Тостер Хјундај SM 626 сериски број: 004503

Pionir DVD сериски број: 004501

Телефон LTE – G Class сериски број: 003225

Фотоапарат Sony DSC – W800B сериски број: 004507

LED TV сериски број: 003240

Наградите може да се подигнат во просториите на Општина Охрид во Одделението за управување со отпад и регионални депонии или да се информираат на тел: 046/ 250-778.