29/03/2024
Охрид

„Дарувај од срце“ – хуманитарна акција на Форумот на жени од СДСМ Охрид

Форумот на жени на ОО СДСМ Охрид денес ја организира Хуманитарната акција „Дарувај од срце“ која ова година се спроведе според Протоколите за заштита од Ковид-19.

„Подарена е облека, средства за лична хигиена, пакети со храна, обувки, детско столче, новогодишни пакетчиња, украси, елка. Логистичка поддршка беа младите активисти од ЛК на СДММ Охрид.

Подароците беа доделени на Детското одделение и Одделението за стари лица-Геријатрија при ЈЗУ „Општа Болница“, семејства кои се социјално загрозени како и пакети за стари и изнемоштени лица.

Во оваа година која сме окупирани со пандемијата и последиците кои таа ги носи со себе, Форумот на жени се надеваме дека успеа да насмее многу детски лица и лица на возрасни на кои им е потребно внимание и позитивна енегрија.“ – велат од Форумот на жени на ОО СДСМ – Охрид.