19/04/2024
Спорт

Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ атрактивно дебитираа со нокдауни на светското првенство во Пловдив Бугарија

На Светското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа од 24-30 август 2019 во Пловдив, соседна Бугарија. Под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски светски вицешампион Прага’96, носител на црн појас V дан, Македонската ИТФ настапи со двајца натпреварувачи, двајцата се членови на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец –Охрид , Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ кои имаа испит за црн појас I дан, пред повеќе меѓународни инструктори, што беше последен услов за учество на ова светско првенство, на кои истотака им беше и прво искуство на наптревари од ваков ранг, при што можеме слободно да се пофалиме и да се гордееме што имаме врвни натпреварувачи кои даваат се од себе да ја претстават нашата држава во најдобро светло и се трудат да постигнат што подобар успех. Како од дебитанти не очекував некој значаен успех, вели Лазаревски, целта на ова Светско првенство беше да ја почувствуваат атмосферата во спортската сала нашите натпреварувачи, и да им биде како тренинг за наредните светски и европски првенства, а воедно отидовме и во знак на благодарност на Бугарската федерација, која на нашиот турнир на 22 јуни донесе околу 150 натпреварувачи , и тоа најдобрите, при што ни дојде како пробен тест на нашите натпреварувачи. Сакам да им се заблагодарам лично на Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ, што направија да се гордеаме со нив, при што покажаа извонредна пожртвуваност и техника, при што дадоа неколку нокдауни, кои влегоа без трема иако за противници им паднаа репрезентативци од најјаките федерации, но за жал во четвртфиналните борби за медал загубија од судиите кои и овај пат покажаа пристрасност кон големите федерации. Иако без медал се чувствуваме исто како да сме освоиле, гледајќи ги на под натпреварувачите од Чешка, Русија, Ирска , Естонија пред нашите херои.

„Користиме прилика да изразиме најголема благодарност до нашиот Генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” кој и овај пат е најзаслужен за нашето учество на ова престижно првенство, а воедно и најзаслжен за сите наши успеси и за квалитетот на нашите натпреварувачи, што ни даде прилика да видиме до каде се стигнати нашите помлади натпреварувачи кои пријатно не изненадија и кои ветуваат во иднина за медал од светско првенство“, изјавува Марјанчо Лазаревски претседател на Македонската ИТФ и на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец –Охрид.

https://www.facebook.com/marjancho.lazarevski.94/videos/130435671572209/