Започна пријавувањето за новиот циклус од програмата „Млади лидери создаваат иднина“

По успешната прва реализација на програмата „Млади лидери создаваат иднина“, Црвен крст Охрид најавува нов циклус на спроведување на оваа програма за млади.               

Програмата „Млади лидери создаваат иднина“ е наменета за ученици од деветто одделение до трета година средно образование. Црвен крст Охрид ја нуди оваа програма со цел да им овозможи на младите охриѓани да ги зајакнат своите лидерски вештини и како лидери да земат учество во живеењето на заедницата, како и да стекнат вештини и ресурси потребни за да се стремат кон компетитивни работни кариери.

Во текот на петнаесет седмици, колку што ќе трае претстојниот циклус на реализација на Програмата, учесниците ќе посетат четиринаесет работилници одржани од одлично подготвени обучувачи и дизајнирани за јакнење на животни, работни и вештини за граѓанско лидерство; ќе присуствуваат на Панел за кариера за време на кој неколку успешни сограѓани ќе зборуваат и ќе одговараат на прашања за својот кариерен пат и за образовните квалификации и вештините потребни за да се успее во нивните професии; ќе добијат можност да ги применат новостекнатите знаења самостојно разработувајќи и остварувајќи идеја за проект од корист за заедницата; ќе проследат презентација изработена од надворешни соработници за да дознаат повеќе за можностите за едукација, волонтирање и работа за младите луѓе од нашата држава.

Учеството во програмата „Млади лидери создаваат иднина“ е бесплатно. Црвен крст Охрид упатува покана до сите заинтересирани ученици да се пријават за учество од денес, 3 септември 2019 до 11 септември 2019, и тоа: телефонски, на 046 262 706 и 070 315 309; лично, во просториите на Црвен крст Охрид или онлајн, на следниот линк:

https://forms.gle/bE9UbKCM1q1BiEuX8?fbclid=IwAR1LXMh3jkGQAs3JSdgUBQdc-ABD-l1z09shLr2xbjitjRvoA4Hi1Mx17yY 

Првата работилница ќе се одржи на 12 септември 2019 со почеток во 19:30 часот.

За повеќе информации за „Млади лидери создаваат иднина“ посетете ја фејсбук-страницата на програмата https://www.facebook.com/programamladilideri/  или во просториите на Црвен крст Охрид.