Дебата за поголемо учество на граѓаните и подобрување на квалитетот на живот во локалната заедница
Спроведувајќи ја кампањата под слоганот „Ако јас се прашувам“, мисијата на ОБСЕ во Скопје на 20.12.2017 година во хотел Милениум Палас одржа дебата вклучувајќи претставници на граѓански организации, локалните самоуправи, советници, образовни и културни институции, Агенција за вработување, Јавни претпријатија и бизнис секторот од Охрид. Целта на кампањата е поголемо учество на граѓаните и подобрување на квалитетот на живот во локалната заедница. Модератор на дебатата беше Вахид Мемед од Здружението Инклузија од Охрид, од страна на претставникот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија Кристина Јованова беше претставена кампањата #Ако јас се прашувам. Преку кампањата за Промовирање на граѓанското учество како принцип на демократско управување, Мисијата на ОБСЕ во Скопје има за цел да ги поттикне граѓаните и зајакне капацитетите на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и локалните власти да иницираат проактивност и креираат соработка со цел подобрување на севкупните услови за живот во земјава.
Кампањата има за цел да ги мотивира и поттикне граѓаните да учествуваат во политичкиот живот преку достапниот демократски механизам и однесување,зголемување на нивната свест за важноста и влијанието на нивниот ангажман. Кампањата се спроведува на национално ниво, и има за цел унапредување на граѓанското учество како принцип на демократско владеење ќе биде насочена кон резултатите од истражување / анкета на јавното мислење за состојбата на свеста на јавноста за прашањето на учеството на граѓаните и резултатите од квалитативно истражување спроведено користејќи фокус групи со претставници на целни групи пред се на оние од 15 до 40 години. Истражувањето беше спроведено во 2015 година.
За таа цел во рамките на кампањата за подигнување на јавната свест на тема Поттикнување на граѓанското учество под слоганот #АКО ЈАС СЕ ПРАШУВАМ се организираат шест локални дебати и еден регионален форум за граѓанско учество. Локалните дебати се организраат во Велес, Штип, Струмица, Тетово, Охрид и Куманово и регионален форум во Битола. Покрај дебатите и форумот за потребите на кампањата развиен и подготвен е и сет на промотивни материјали, ТВ реклами, флаери, постери, објави на социјалните медиуми, маици, и награден конкурс за иновативни идеи на тема Граѓанска вклученост. На трите најкреативни идеи ќе им бидат доделени таблети како награда. Кампањата се реализира во периодот од 11 до 22 декември.