20/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира со блокирање на кружниот тек кај Охридска банка

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во знак на револт и протест против уривањето на демократијата и правната држава, против монтираните процеси и политички прогон, утре, 21.12.2017 (четврток) во периодот од 16:00 часот до 17:30 часот ќе го блокира кружниот тек кај Охридска банка како поддршка за уставобранителите.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.