Повреден велосипедист на „Туристичка“

На 07.12.2021 во 11:55 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“, со бугарски национални ознаки, управувано од К.С.(35) од с.Требеништа, охридско, удрило во велосипед управуван од М.Л.(72) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото изврши увидна екипа од СВР Охрид.


WebOhrid / 08.12.2021 / СВР Охрид