17/04/2024
Македонија

Демократски сојуз: БЕХТЕЛ и ЕНКА за раскрчмување на народни пари

Демократскиот сојуз бара Државниот завод за ревизија да направи ревизија на досегашните активности и трошењето на милионски суми (над 20 милиони евра) на државните институции во врска со подготовките за изградба на коридорите 8 и 10-д, од Конзорциумот БЕХТЕЛ И ЕНКА, во вредност од 1 милијарда и 300 милиони евра, како и предвидените над 300 милиони евра за експропријација на земјата каде ќе поминуваат трасите на коридорите (патиштата).

Во јавноста се презентирани многу контроверзни и коруптивни информации во врска со консултанти, надзор итн., кои отворија многу прашања, посебно дека се работи за тежок криминал, со што се загрозува  целокупниот проект и може да се случи да останеме и без милионски суми евра и без патишта, со големи обврски кон фирмите кои треба да ги градат патиштата.

Воедно, предлагаме Владата да достави информација до Парламентот за досегашните активности, а Парламентот да отвори расправа.

На испит се и државните институции (МВР, АНБ, УЈП итн), како и Јавното обвинителство, бидејќи имаат законски надлежности и обврски да ги проверат и истражат можните криминални активности на високи функционери инволвирани во овие сомнителни активности.


WebOhrid / 15.03.2023 / Демократски сојуз