24/04/2024
Охрид

Ден на виното во Охрид

Во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, охриѓани и гостите, синоќа уживаа во најубавите вина на „Тиквеш“, „Вила Марија“ и „Стоби“ и во музиката на Александар Митевски и легендарниот Драган Б. Костиќ.

И покрај ладното време, и овој настан помина во позитивна атмосфера и забава која траеше до доцна во ноќта. Денот на виното се одржа на посебно изработените тезги за оваа намена лоцирани на Градскиот плоштад.

Вечерва, на малата сцена, со почеток во 20:00 часот, во дрвената куќичка ќе настапат популарните Силви бенд.

Сите манифестации се дел од поголемиот проект за промоција на Охрид во обид за максимално продолжување на туристичката сезона насловен како „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“. Во недела, на 7-ми јануари, за празникот Божиќ на големата сцена ќе настапат Сергеј Четковиќ и Ѓоко Танески, на 13-ти, за Стара Нова година ќе уживаме во музиката на Љубојна и на 19-ти јануари за големиот верски празник Водици ќе настапат Фолтин, со што ќе биде крунисана целата манифестација.

 

https://youtu.be/w9VN_iU20no