Директен видео пренос на седниците на Советот на Општина Охрид

Со цел да се обезбеди поголема транспарентност во носењето на одлуки на локално ниво и подобар граѓански увид во процесот на извршување на општинскиот буџет, сите седници на Советот на општина Охрид во иднина ќе имаат директен видео пренос преку линк на општинската веб страница и официјалната општинска Фејсбук страница.

Видео опремата за директен пренос е обезбедена во рамки на предвидените активности од Првата компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој општина Охрид го имплементираше со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Во рамките на оваа компонента, беа спроведени низа активности за зајакнување на капацитетите на советниците, беше спроведено ентериерно уредување на салата за состаноци на Советот на општина Охрид и советничките канцеларии, во висина од 12.000 швајцарски франци. Исто така во рамки на овие активности, големата сала за седници беше опремена со сите потребни технички елементи за директен видео пренос „лајф стреам“, фоптоапарат, лап топ, миксета и држачи за камера.

Директниот видео пренос ќе започне да функционира од 26-ти септември 2019 година (четврток) со почеток во 11 часот, кога е предвидено да се одржат: Продолжението на 28-та седница, 31-та и 32-та седница на Советот на општина Охрид.

Сите заинтересирани граѓани и медиуми ќе можат да го проследат видео преносот, на линкот кој дополнително ќе биде објавен на општинската веб страница и официјалната Фејсбук страница на општина Охрид.