28/04/2024
Македонија

Дизелот поевтинува, бензините остануваат со иста цена

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,27%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.06.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.06.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,022 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.06.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,029 ден/кг.


WebOhrid / 03.07.2023 / Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги