Доделени сертификатите за заварувачи

Заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески, денес, официјално им ги додели сертификатите на посетителите на курсот за заварувачи кој  го распиша општина Охрид, а кој го реализира работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“.

Целта на курсот е стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување. Во рамки на конкурсот се организираат и обуки за ракувачи на машини за пластикаосновни познавања од пневматика и хидраулика, алатничари и готвачи.