Двајца повредени во сообраќајна незгода кај Подмоље

На 07.07.2020 во 08:25 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај селото Подмоље, случена е сообраќајна незгода во која, патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(29) од Охрид излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Л.(22) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот. Двајцата биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

На местото на настанот, увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.