20/06/2024
Дебрца

Возило излета од коловоз кај селото Требеништа, повредениот возач пренесен во болница

На 08.07.2020 во 01:15 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Требеништа, случена е сообраќајна незгода во која товарно моторно возило „Рено Мастер“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од Х.З.(33) од Охрид, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот по што, бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Охрид.