29/03/2024
Охрид

Две лица од Косел неовластено пуштиле во промет наркотични дроги

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б.(23) и С.Б.(25), двајцата од охридското село Косел, поради постоење основи на сомнение дека, првопријавениот сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а двајцата заедно сториле казненото дело „незаконито влијание врз сведоци“.

На 14.09.2022, при претрес извршен по судска наредба во домот на Х.Б., полициските службеници пронашле и одзеле кокаин. Тој, претходно, заедно со С.Б. во селото Велгошти со употреба на сила го внеле С.К.(25) во возило, по што го однеле во село Рамне каде физички го нападнале.

Судија на претходна постапка, на Х.Б. му одреди мерка притвор до 30 дена.


WebOhrid / 24.09.2022 / СВР Охрид