25/04/2024
Охрид

Дводневна обука на полициските службеници од СВР Охрид во рамки на програмата „Сина храброст”

Денеска, (01.12.2022) во просториите на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ во Охрид започна дводневната обука на полициските службеници од СВР Охрид што ја спроведува тим од полициски инструктори од програмата „Сина храброст”, што се реализира преку ИЦИТАП – програмата при Амбасадата на САД во РСМ.

Преку оваа програма се подигнуваат капацитетите на полициските службеници преку континуирана едукација и обука, притоа грижејќи се за личниот развој, здравјето и добросостојбата на полициските службеници. Притоа, од страна на инструкторите најмногу внимание се посвети на полициското работење односно на примарниот факт дека самата организација на полициското работење и нејзините припадници треба да имаат цврсто втемелени професионални и лични стандарди и вредности за интегритет, храброст и карактер.

Целта на овие обуки е насочена кон квалитативно зголемување на подготвеноста на полициските службеници за справување со сите видови и форми на предизвици со кои тие секојдневно се соочени при извршувањето на својата должност, а со неа ќе бидат опфатени сите полициски службеници во РСМ.


WebOhrid / 01.12.2022 / СВР Охрид