26/04/2024
Дебрца

Едно лице загина во сообраќајна несреќа помеѓу селата Климештани и Ботун

На 15.06.2022 околу 02:30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, општина Дебрца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(21) од Струга и патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(62) од селото Ботун.

Од здобиените повреди на местото почина Ѓ.Д., а М.М. се здоби со телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид.

Увид на местото на настанот извршија екипа на СВР Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.


WebOhrid / 15.06.2022 / СВР Охрид