18/04/2024
ДебрцаОхрид

Возило излета од коловоз кај Оровник, повредени две лица од Мешеишта

На 02.01.2023 година во 02:15 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Оровник, патничко моторно возило „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(36) од селото Мешеишта, излетало од коловозот.

Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот А.К., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.К.(32) од Мешеишта, кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св.Еразмо“.

Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР-Охрид.


WebOhrid / 02.01.2023 / СВР Охрид