28/04/2024
Охрид

Претставници на американскиот совет на млади политички лидери во посета на Општина Охрид

Претставници на Американскиот совет на млади политички лидери, денеска, беа во посета на Општина Охрид. Тие остварија средба со градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот, Александар Китески.

На средбата градоначалникот ги запозна гостите со начинот на функционирање на Локалната самоуправа и нејзините надлежности. Исто така градоначалникот ги запозна и со културно историските знаменитости на градот, како и со предизвиците со кои се соочува во насока на статусот на УНЕСКО.

Во рамки на програмата за размена на Американскиот совет на млади политики лидери, во мај годинава престојуваше во Соединетите американски држави.


WebOhrid / 30.08.2022 / Општина Охрид