06/12/2024
Охрид

Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во комисијата за евалуација на предлог проекти во рамките на ReLOaD2 проектот во општина Охрид

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) е продолжение на првата фаза од проектот која се спроведе во периодот (2017-2020). Проектот е финансиран од  Европската унија (ЕУ) а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Основна цела на ReLOaD2 е јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку транспарентно финансирање на проекти на граѓански организации од општинските буџети со цел поголемо граѓанско учество и учество на младите во носењето одлуки и подобрена испорака на услуги за граѓаните на општина Охрид. Проектот ReLOaD 2 работи со осум партнерски општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид на усвојување на транспарентен пристап за финансирање на проекти на граѓанските организации, со кој ќе се поттикне поголема граѓанска вклученост и вклученост на младите во процесот на донесување одлуки и ќе се подобрат услугите што се обезбедуваат на локално ниво.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ КАКО НАБЉУДУВАЧ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИТЕ НА RELOAD 2 ПРОЕКТОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД


WebOhrid / 17.02.2022 / Општина Охрид