29/04/2024
Охрид

Едукативни посети на културното наследство во Стар Град и Музејот на вода во рамки на Проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство на Охрид“

Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар“ Охрид во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“ ги спроведе предвидените едукативни посети на културното наследство во Стар Град и Музејот на вода.

Едукативните посети беа наменети за ученици од шест основни училишта од Охрид- ОУ „Ванчо Николески” – с. Лескоец, ОУ „Св. Климент Охридски”- Охрид, ОУ „Братство Единство”- Охрид, ОУ „Кочо Рацин”- Охрид, ОУ „Григор Прличев“ – Охрид, ОУ„Христо Узунов“ – Охрид. Учениците имаа можност да ги посетат црквата „Света Богородица“ Перивлепта, Галеријата на икони, Античкиот театар, Самоиловата тврдина, локалитетот Плаошник, Куќата на Робевци и Музејот на вода-Залив на коските. Целта на овие едукативни посети беше младите да се запознаат одблиску и подетално со богатото културно наследство на Охрид.

Проектот “Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид” на Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар“ Охрид, се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот “Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид” е кофинансиран од Општина Охрид.

За фотографии или видео снимки поврзани со настаните може да погледнете на следните линкови

Фото-Посета на Стар град

Фото-Посета на Музеј на вода


WebOhrid / 20.10.2023 / Општина Охрид