27/04/2024
МакедонијаОхридСтруга

Преземениот долг од МЈП Проаква е трансформиран како сопственички капитал на Владата во ЈП Колекторски систем

„Со помош на Владата на РС Макеонија, и согласно донесениот Закон за претварање на побарувањата на РСМ по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП Колекторски систем, преземениот долг од МЈП Проаква во вредност од 281.314.175,оо денари е трансформиран како сопственички капитал на Владата во ЈП.

Ова претставува огромно олеснување за билансите на ЈП Колекторски систем и придонесува кон значително подобрување на неговата ликвидност и можност за непречено функционирање, а со тоа и повеќе средства за тековно одржување и инвестирање во застарениот систем.

Благодарение на Владата на РС Македонија преку оваа постапка се ослободуваат од обврска Општините Охрид и Стуга што понатака ќе доведе до деблокирање на нивните сметки и можност за нормално работење на истите.“ – стои во соопштението од ЈП „Колекторски систем“.


WebOhrid / 20.10.2023 / ЈП „Колекторски систем“