Изгоре куќа во струшкото село Џепин

На 21.01.2018 година околу 16:30 часот во с.Џепин, струшко, од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на М.В.(55).

При пожарот била зафатена покривната конструкција, мебелот и апарати за домаќинство на потпокривот, при што е причинета материјална штета од околу 1.200.000 денари, додека во пожарот нема повредени лица. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.