29/03/2024
Охрид

Екипи од „Нискоградба“ со активности на улиците „Спас Банџов“ и „Галичица“

Во рамки на предвидените активности за работа, надлежните служби за одржување на канализационата и атмосферска мрежа при ЈП „Нискоградба“ денеска започнаа со чистење  и профилактика на цевководи и шахти  на улица „Спас Банџов“.

Екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат градежни активности на улица „Галичица“. Просторно се уредува  површина со бехатонска подлога  од 300 м2 . Изведбата ќе придонесе за уредување на дел од урбаната заедница како  и подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните на тој дел од Охрид.