28/04/2024
Охрид

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со активности за нанесување на специјална течност против замрзнување на коловозот

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа активности за нанесување на специјална течност против замрзнување на коловозот.

Според планираното, ќе бидат опфатени главните сообраќајници во Охрид, стариот дел на градот, населбата „Гоце Делчев“ и селата Елшани и Коњско.

Се работи за современ практичен метод кој се применува во зимски услови и не дозволува замрзнување на асфалтот при врнежи од снег.