27/07/2024
Охрид

Факелот на мирот пристигна во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ „Христо Узунов“ беше носен Факелот на Мирот, трка која во која факелот на мирот поминува во многу светски земји.  Тој денес беше носен од рацете на учениците и вработените од ОУ „Христо Узунов“.

Директорот Тони Симоновски се заблагодари на делегацијата составена од тркачи од повеќе земји кои беа присутни и заеднички ја испратија пораката за Мир во светот „Мирот да биде едно Големо семејство“. ОУ „Христо Узунов“ доби вредн сертификат како учесник во трката PEACE RUN- Трка на Мирот. Исто така во училиштето од делегацијата беше приредена и една мала програма на тема „Мир“.