26/04/2024
Македонија

Фатен дрвокрадец во кичевско

На 18.09.2022 во периодот од 04.00 до 08.00 часот беше спроведена акциска контрола на 43 локации каде се врши лов на територија на Република Северна Македонија, при што биле контролирани 189 лица, возила и багаж.

При контролите, во 04.30 часот на локален пат за кичевското село Добреноец, полициски службеници од ОВР Кичево сопреле патничко возило „ландровер“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(56) од селото Другово. Притоа, констатирале дека тој нелегално превезува дабово огревно дрво, кое е одземено и предадено на Шумската полиција-Кичево за понатамошна постапка. По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

Исто така, при контролата биле констатирани повеќе прекршоци по Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за возила кои соодветно биле санкционирани.