26/04/2024
Спорт

ФФМ прва спортска институција производител на енергија од обновливи извори

Водена од својата општествена одговорност и поттикнати од глобалното движење за производство на чиста енергија од обновливи извори, Фудбалската федерација на Македонија е прва спортска институција во државата, но и пошироко во регионот, која има поставено сопствен систем за производство на електрична енергија од сончево зрачење.

Системот со фотоволтаични панели е поставена на фасадата и покривот од „Куќа на фудбалот“, како и на покривот од соблекувалните во комплексот „Петар Милошевски“. Со поставувањето на фотоволтаична централа, односно соларни панели, Фудбалската федерација на Македонија покрај тоа што заштедува преку производство на т.н. „зелена енергија“ за споствени потреби, на тој начин ја зајакнува и својата институционална одговорност со намалување на загадувањето на воздухот во нашиот град.

·  Вкупно количество на енергија произведена од соларни панели за период  2019 (октомври, ноември, декември), 2020, 2021: 150,730 kWh

·  Количество на искористена енергија од соларни панели: 120,584 kWh

·  Намалување на трошоците за електрична енергија за период  2019 (октомври, ноември, декември), 2020, 2021: 14.117 euro

Ние создаваме можности нѐ само за фудбалски активности. Како општествено одговорна организација, сакавме да додадеме вредност, да ја подигнеме свеста и да ги мотивираме другите да ни се придружат во создавањето поздрава средина за сите. Фудбалската федерација на Македонија е горда што е прва спортска институција која има поставено соларен систем  производство на чиста енергија од обновливи извори. Модерното време значи дека се повеќе зависиме од технологијата и електричната енергија, а единствен начин да ја заштитиме нашата животна средина е се повеќе да бараме извор на чисти енергии кои доаѓаат од природата, кои се неограничени и не загадуваат“, изјави Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ.

Во продолжение може да го преземете извештајот за енергија произведена од соларни панели на Фудбалската федерација на Македонија: 

ФФМ извештај за производство на енергија од соларни панели.pdf 


WebOhrid / 27.12.2021 / ФФМ