Филипче: 23 нови случаи на Kовид-19 во земјава, 4 лица починаа

Од денеска имаме вкупно повеќе излечени пациенти од коронавирус, отколку активни случаи.
Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти во: Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар-1.
Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во:
– Скопје 5
– Куманово 5
– Прилеп 3
– Тетово 6
– Велес 2
– Неготино 2
Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Гостивар на 59 години.
Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.465, бројката на оздравени пациенти е 738, на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650.