16/04/2024
Дебрца

Физички нападнат судијата на натпреварот помеѓу ФК Сатеска и ГФК Лихнидос

На 28 октомври оваа година, во 14 часот и 25 минути, во СВР Охрид било пријавено дека на фудбаското игралиште во село Волино, општина Дебарца, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Сатеска“ од селото Волино и „Охрид Лихнидос“ од Охрид, З.Н.(52) и С.Б.(36), двајцата од село Волино, физички го нападнале главниот судија на натпреварот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.